Фудбалерите до 19 години убедливо поразени од Португалија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако на турнирот во Португалија денеска загубија од домаќинот со убедливи 4-1.

Водство за Португалците од 1-0 донесе Патрао уште во 6. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Силва во 26. минута, а до крајот на првото полувреме Соарес стрелаше за 3-0.

Во вториот дел Тровиско во 66. минута зголеми на 4-0, додека нашите надежи успеаја да постигнат почесен погодок (4-1) преку Саботиќ во 71. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...