Репрезентацијата на Македонија до 20 години претрпе пораз од 2-0 на денешниот пријателски натпревар против соодветната селекција на САД.
Натпреварот кој се одигра во бугарскиот град Петрич донесе изедначена борба, но избраниците на селекторот Александар Таневски беа казнети за падот на концентрацијата во последните моменти од двете полувремиња.
Противникот успеа да ја затресе македонската мрежа во последните моменти од двете полувремиња, поточно во 45. и во 90. минута од дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
