Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе ја пречека Шведска во првиот од двата натпревари кои ќе ги одигра во Битола во ноемвриските прозорци за пласман на Европското првенство.
Еден од најдобрите во нашата репрезентација Димитар Трајков даде свое мислење за мечот против Швеска, но и за оној против Полска.
„Очекувам два тешки натпревари, но играме дома и тоа многу значи. Ќе дадеме сè од себе да ги искористиме шансите и да освоиме бодови пред нашата публика. Мислам дека одигравме коректно, имаше добри делови во нашата игра, но и моменти кога не реагиравме најдобро. Сепак, покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да се носиме со секоја екипа. Можевме да освоиме повеќе бодови, но за жал на тие натпревари не ги искористивме шансите. Правевме грешки кои противниците ги казнуваа. Ќе работиме на тоа, важно е да учиме и да напредуваме од секој натпревар”, изјави Димитар Трајков.
Натпреварот кој ќе се игра на арената „Петар Милошевски“ во Битола е закажан со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

