Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби во контролниот дуел против репрезентацијата на Бугарија со минимални 1-0, во натпревар кој се играше на стадионот „Бистрица“ во Софија.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 50. минута кога домаќините на овој дуел го постигнаа погодокот кој на крајот се покажа како доволен за победа на натпреварот.
Оваа генерација на Горан Станиќ ја очекуваат уште два натпревари до крајот на квалификациите за ЕП. И двата меча ќе се одиграат во октомври. Прво на 1. октомври на домашен терен ја пречекуваме Црна Гора, додека четири дена подоцна со гостувањето кај Шведска ќе се затвори циклусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
