Фудбалерот на Челси, Жоржињо ги заследи стапките на својот тренер и говореше на темата враќање на правилото за пет замени на еден натпревар во Премиерлигата.
Промената од три на пет замени дојде како солуција за пандемијата на коронавирусот, а и покрај тоа што истото продолжи да биде на сила во некои првенства тоа не е случајот со Англија.
Згора на тоа Челси мака мачи и со повреди, а долгата клупата од натпревар во натпревар се скратува.
„Многу е тешко бидејки немаме време за одмор. Играме секој трет ден, а имаме дамо три замени. Лудо е тоа што не користиме пет. Треба да се направи нешто по тоа прашање бидејќи ако продолжиме вака ќе имаме многу повредени играчи. Со тоа ќе падне и квалитетот на натпреварите, а тоа не е добро за забавата”, вели Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА