Фудбалерите и 2017 година ја почнуваат на 162.место на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија ја почнува 2017 година на 162.место, идентична позиција на која и ја заврши минатата година на листата на ФИФА. Без активности во изминатиот период, речиси и да нема раздвижување на рангирањето што секој месец го прави Светската фудбалска организација.

Шпанија е рангирана на 10.место, Италија е на 16.позиција, Албанија забележа пад за две позиции и сега е на 51.место, Израел е 55-ти, додека Луксембург е рангиран на 188.место.

Најдобропласирана е селекцијата на Аргентина, на второто место е Бразил, а третата позиција ја има Германија. Меѓу првите десет селекции се и Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Се вчитува...