Фудбалерите „летнаа“ за Сараево (фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува за Сараево, каде нашите најдобри фудбалери в петок со почеток во 20.30 часот ќе излезат на мегдан на селекцијата на БиХ.

За домаќинот тоа ќе биде прв тест во пресрест на СП 2026, додека за нашиот селектор Гоце Седлоски можност да остави свој печат на тактички план, но и да даде шанса на неколку нови фудбалери, да ги покажат своите квалитети и да се обидат да се наметнат пред септемвриските официјални натпревари.

Желбата е јасна, добра игра и позитивен резултат во Сараево, од каде нашата фудбалска експедиција веднаш ќе отпатува за Истанбул, каде на 1 јуни ќе ги одмери силите со селекцијата на Турција.

Се вчитува...