Фудбалерите на Хајдук Сплит нападнати од „Торцида“ по поразот од Динамо Загреб

Фудбалерите на Хајдук Сплит го загубија (1-2) на „Пољуд“ дербито од Динамо Загреб, а за тоа добија и ќотек од навивачката група „Торцида“. Во текот на денешниот ден, петмина фудбалери на сплитските „били“ биле нападнати од фановите на клубот. Марко Футач, Хамза Бери, Савас Генцоглу и Ахмед Саид, биле нападнати кога минувале во близина на боксерскиот клуб „Торцида“.

Хулиганите вербално го нападнале Ахмед Саид, клупските другари застанале во негова одбрана, а потоа се случила и физичка пресметка. Како што информираат хрватските медиуми, ‘најдебелиот крај’ го извлекол Марко Футач, најдобриот фудбалер на Хајдук Сплит.

Се вчитува...