Фудбалерите на Вардар ќе добијат премија од 100.000 евра за елиминација на Рига

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар го очекува двомеч против летонска Рига во 2. квалификациско коло од најмладото клупско натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА.

Директорот на Вардар, Миленко Неделковски ја информира јавноста дека фудбалерите ќе добија премија од 100.000 евра ако успеат да го минат летонскиот шампион и да се пласираат во 3. коло од ова натпреварување.

Првиот натпревар од двомечот меѓу Вардар и Рига ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот.

Се вчитува...