Фудбалерите патуваат за Израел (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска патува за Израел, каде на 2.септември ќе го одигра квалификацискиот натпревар за СП 2018 во Русија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во моментов се наоѓаат на аеродромот „Александар Велики“, од каде со чартер лет ќе се упатат за Тел Авив, а потоа и до крајната дестинација Хаифа, каде ќе се игра мечот со Израелците.

pat za izrael 1

Веќе како редовна процедура се и зголемените проверки кога се патува за оваа земја, па ја минаа и нашите најдобри фудбалери. Се очекува „црвено-жолтите“ да пристигнат во Хаифа околу 16 часот, а потоа и да ги продолжат подготовките за натпреварот кој се игра на 2.септември, со почеток во 20.45 часот, на стадионот „Сами Офер“.

pat za izrael 3

pat za izrael 4

Се вчитува...