Челси и Манчестер Јунајтед одиграа здодевни 0-0 и во вториот меѓусебен премиерлигашки дуел оваа сезона, пресметка што исто како и онаа првата на „Олд Трафорд“ мина без преголеми возбудувања, со премногу тактички надмудрувања и премалку шанси во двата шеснаесетници.
„Црвените ѓаволи“ сигурно ќе бидат бесни на судиската одлука од првото полувреме, кога главниот арбитар реши да не покаже на белата точка по играњето со рака на Хадсон Одои. ВАР-судиите ја разгледуваа ситуацијата, но главниот судија остана на ставот дека кај фудбалерот на Челси немало намера, па Јунајтед не доби пенал во своја корист.
Избраниците на Солскјер имаа одлична шанса од контранапад во последната минута, но не искомбинираа најдобро и Канте ја отстрани опасноста.
Манчестер Јунајтед со денешното реми има 50 бода на второто место и заостанува дури 12 бода зад лидерот Манчестеер Сити, додека Челси е на петтата позиција за 44 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА