Фудбалот ја „шие“ политиката: Се одржа Собрание, се направи Влада (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, денеска од делегатите на Изборното годишно собрание доби доверба за нов четиригодишен мандат. Најави дека ќе продолжи да работи посветено, за развој и напредок на фудбалската игра во нашата земја, а првите честитки дојдоа од Давор Шукер, првиот човек на хрватскиот фудбал, кој дојде во улога на ќлен на Извршниот одбор на УЕФА, и Зоран Лаковиќ, директорот за национални федерации при УЕФА. Тие истакнаа дека во ФФМ имаат одличен партнер, а најголема потврда за тоа е и доверениот Суперкуп на Европа, кој во август ќе се одржи во Скопје.

Можеби фудбалот добива многу критики, за резултатите на А-тимот, но, сепак, покажа дека е многу поефикасен и подобро организиран од политиката. Се одржа Собрание на ФФМ, се избра претседател, се формираше нова фудбалска Влада…Повеќе од очигледно е дека фудбалот ја „шие“ политиката…

[new_royalslider id=”505″]

Се вчитува...