Фудбалот не познава граници: Како слеп човек ја следи играта на Барса против Џирона (ВИДЕО)

Колумбиецот Хозе Ричард е специјален гостин на „Камп Ноу“ вечерва. Тој од своето раѓање не може да да гледа и да слуша, но и покрај тоа може на знаковит начин да ја следи играта на Барселона. Неговиот пријател Цезар постојано, со знаци и движења на неговите раце на табла со фудбалски терен, му објаснува како се движи топката и како игра каталонскиот гигант.

Фантастично, фудбалот навистина не познава граници…

Се вчитува...