Фудбалот во Италија пред банкрот!

Лоши вести пристигнуваат од Италија, откако Владата на оваа држава не ја прифати молбата на клубовите од Серија А за финансиска помош од 600 милиони евра како надомест за финансиите кои тимовите ги изгубија поради пандемијата со коронавирус.

Покрај тоа, одбиено е и барањето на клубовите да не плаќаат данок за платите на играчите се дури трае одлуката натпреварите да се играат без публика.

Ситуацијата со пандемијата во Италија не се смирува, па јасно е дека стадионите и понатаму нема да бидат отворени за навивачите.

„Многу сме блиску до финансиска и економска катастрофа. Тоа е реалноста за поголемиот дел од тимовите во Серија А. Доколку не добиеме помош ризикуваме да дојде до згаснување на лигата. Голем е ризикот дека ќе дојде до големи проблеми во многу клубови“ – изјави претседателот на Серија A, Паоло Дал Пино.

Се вчитува...