Фудбалските ѕвезди се збогуваат со Емилијано Сала: Мбапе, Меси, Игуаин.., не може да веруваат во суровата вистина

Синоќа и официјално беше потврдено дека телото пронајдено во остатоците од срушениот авион во Англискиот канал е на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала. Несудениот напаѓач на Кардиф загина во падот на авионот на 21. јануари на пат од Нант.

По прекинот на првичната потрага, благодарение на донации од познати фудбалери семејството успеа да ја продолжи потрагата па авионот беше пронајден на 67 метри длабочина. Во него и само едно тело… Откако беше успешно извлечено утврдено е дека на Емилијано Сала кој и официјално сега е прогласен за мртов.

Светот на фудбалот е во шок, па голем број светски фудбалски ѕвезди за последен пат се збогуваат со Сала. Меѓу нив Мбапе, Меси, Озил, Игуаин… кои не може да веруваат во суровата вистина.

 

Емилијано Сала последниот гол во дресот на Нант го постигна на 5. декември против Марсеј. Вкупно во својата кариера одигра 200 официјални натпревари за Бордо, Ниорт, Орлеанс, Кан и Нант, постигнувајќи 73 погодоци.

 

Се вчитува...