Фудбалско лудило во Англија: Победа на Челси, пораз на Сити и реми на Ливерпул

Денес во англиската Премиер лига на програмата беа понудени возбудливи натпревари, а во главната улога беа фаворизираните кандидати за освојвуање на титулата во Англија. Се чини дека Челси имаше рутинска и најлесна победа на гости над Њукасл (0-3), а стрелци за „сините“ беа Рис Џејмс во 65. и 77. минута, додека Жоргињо преку пенал во 79. минута го постави конечниот резултат.

Сепак, вистинска драма се случуваше во Ливерпул и Манчестер. Фудбалерите на Клоп ќе го паметат Брајтон, кој успеа да ги спушти „црвените“ на земја по високата победа над Јунајтед. Првото полувреме го отвори домашниот тим преку Џордан Хендерсон во 4. минута, а во 24. минута Садио Мане го зголеми водството за 2-0. Неискористените шанси за гол со камата ги наплатија фудбалерите на Клоп, „студениот туш“ дојде преку Енок Мвепу, кој намали на 2-1 во 41. минута.

Во вториот дел гостите успеаја да израмнат преку Леандро Тросард во 65. минута, а овој резултат остана до крајот на мечот. Иако и на двете страни имаше неколку шанси за гол, сепак, двата тима си заминаа задоволни, имајќи предвид дека во целата мешаница лесно можеше да се случи еден од тимовите во последните минути да остане без ниту еден бод.

По ова реми Ливерпул останува на лидерското место со 22 бода, но сега врвот го дели со Челси. Манчестер Сити доживеа дебакл на домашен терен, оваа сезона очигледно не им тргна на начин на кој посакуваа фудбалерите на Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ на домашен терен беа поразени со 0-2 од Кристал Палас. Големата победа за гостите ја донесоа Вилфред Заха во 6. и Конор Галагер во 88. минута. Фудбалерите на Сити немаа преголема надеж за било каков пресврт, имајќи предвид дека останаа без играч помалку во 45. минута, момент кога Ајмерик Лапорте доби директен црвен картон.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...