Ракометарите на германскиот бундеслигаш, Фуксе Берлин се првите финалисти на фајнал-фор турнирот во Келн од Лигата на шампионите.
Тие во првото полуфинале многу полесно од очекуваното славеа над францускиот Нант со 34-24. Шокатно стартуваше мечот за бундеслигашот, откако Германците по само осум минути игра останаа без својот најдобар ракометар.
Матијас Гидсел по еден неспретен старт доби директен црвен картон и со тоа ги остави соиграчите на цедило. Сепак, и тоа не беше никаков проблем па тие веќе на полувреме заминаа со позитива од 18-12. Во втоиот дел Берлин само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечни 34-24. Тим Фрајхофер со десет гола беше прво име кај победникот, а одличен беше и Драган Милосављев на голот со 15 одбрани. Кај поразените Никола Турна постигна шест гола.
Во второто полуфинале ќе се сретнат актуелниот шампион Барселона и освојувачот на трофејот од пред две години Магдебург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА