Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на Светското првенство на приватни инвеститори.
Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше известен за своето заминување преку е-пошта, заедно со други вработени во кровната организација на светскиот фудбал. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 година.
„ФИФА може да потврди дека работниот однос меѓу ФИФА и Кевин Ламур, во својство на главен оперативен директор на ФИФА, заврши на 17 август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговиот двегодишен ангажман и му посакува се најдобро во иднина. Нема да има дополнителни коментари за ова прашање“, се наведува во соопштението на ФИФА.
Ламур претходно остро го критикуваше планот на Инфантино откако проектот беше обелоденет. Францускиот функционер тогаш изјави дека администрацијата на ФИФА била доведена во заблуда и дека претседателот на организацијата верувал оти тој е „олицетворение на ФИФА“, наместо да биде во нејзина служба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
