Функционира вакцината против Ковид-19: Публиката се враќа на трибини, а „Вембли“ ќе отвори врата на 20 000 навивачи

Иако веќе извесно време се најавува враќање до 10.000 навивачи на стадионите во последните две кола од Премиер лигата, сега властите зборуваат и за дополнителни тестирања кои ќе бидат направени со цел да се зголеми овој предвиден број на навивачи на спортските настани во Англија.

Претходно се шушкаше дека финалето на ФА и Лига купот ќе биде меѓу предвидените настани на кои ќе има дозвола за присуство на публика, како и трката во Формула 1 во Силверстоун, но и Светското првенство во снукер.

Како што објави „Скај Спорт“, финалето на ФА купот  на Вембли може да го следат 20.000 навивачи, иако тоа е двојно повеќе од очекуваниот број на луѓе на кои ќе им биде дозволен влез на стадионот во тој период. Меѓу настаните што ќе послужат како тест за враќање на поголем број навивачи, финалето на ФА купот дефинитивно привлекува најголемо внимание. Овој настан е закажан за 15 мај, а како што стојат работите сега, може да го следат 20 000 луѓе.

Сето ова е всушност подготовка за враќање на поголем број луѓе на спортските настани на отворено, кои ќе стапат на сила од 21 јуни, во таканаречената петта фаза. Четвртиот тест период започнува на 17 мај, а во него се предвидени до 10 000 навивачи на стадионите со капацитет над 40 000 и 40 проценти од капацитетот на помалите стадиони.

Беше најавено дека за време на сите овие тестови, строго ќе се следат развојот на ситуацијата и советите на медицинските власти, но ова е секако една од оние новости што даваат надеж дека полн стадион повторно ќе биде нешто што е – нормално.

Се вчитува...