„Фуријата“ ја оддува Црна Гора

Кошаркарите на Шпанија ја покажаа својата класа уште на стартот од Евробаскет 2017. Тие ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 99-60 во воведниот свој меч од Европското првенство.

„Црвената фурија“ влезе во елемент на самиот почеток и првата четвртина ја доби со 26-14, а на полувреме веќе имаше убедлива предност (51-29). До крајот, мечот беше само рутина за шпанските кошаркарски ѕвезди. Хернан Гомез со 18 поени беше најефикасен во шпанскиот состав, а Пау Гасол постигна десет поени. Никола Вучевиќ со 16 поени беше најрасположен за игра кај Црногорците.

Се вчитува...