Фуриозно прво полувреме на Хрватска, чудесен финиш на Холандија

Хрватска се врати во пол-позиција во својата квалификациска група откако „коцкестите“ вечерва во Сплит ја совладаа Унгарија со убедливи 3-0. Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме во кое Хрватите три пати го матираа гостинскиот голман. Серијата голови ја отвори капитенот Лука Модриќ, а потоа два погодоци постигна голгетерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ, наметнувајќи се како идеално решение за наследник на „пензионираниот“ Марио Манџукиќ.

Суперинтересно беше во Ротердам, каде Холандија по огромна битка ја совлада Северна Ирска со 3-1. Ирците имаат за што да жалат бидејќи до 80. минута водеа со 0-1. Потоа, Депај го израмни резултатот, а „лалињата“ двата гола за победа ги постигнаа во судиското продолжение преку Дејонг и Депај.

Русија со четири гола во второто полувреме ја декласираше Шведска со 4-0, додека Белгија очекувано го декласираше Сан Марино со 9-0.

Се вчитува...