Футсал: Немавме сили за изненадување, пораз и од Холандија

Македонската футсал-репрезентација претрпе уште еден пораз во квалификациите за ЕП, четврти во петтата одиграна рунда откако нашата национална селекција загуби на домашен терен од Холандија со 0-3.

Првото полувреме донесе квалитетно и цврсто издание на македонската селекција, која знаеше како да ги затвори приодите кон сопствениот гол.

Ситуацијата се промени за нецели пет минути во второто полувреме, во кое гостите набрзина постигнаа два погодоци, преку Кемпс и Мартинус. Играта на Македонија беше нарушена, а „лалињата“ го искористија тоа за во 35. минута да постигнат и трет гол, втор на Мартинус на натпреварот.

Македонија во следното коло од овие квалификации на 12 март гостува на селекцијата на Андора.

Се вчитува...