Футсал репрезентацијата со пораз од Андора го заврши настапот во квалификациите за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз на гостувањето кај Андора од 2-1 го заврши настапот во квалификациите за Европското првенство.

Нашите репрезентативци веќе од претходно ги загубија шансите за пласман на континенталниот собир, а овој меч беше само за престиж. На крајот домаќините подобро се снајдоа и заслужено стигнаа до првиот триумф во овој циклус.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Регало во 36. минута. Само минута подоцна Македонија израмни на 1-1 преку Тодоровски. Во истата минута Андора успеа да го постигне погодокот вреден победа, преку Блат (2-1).

Се вчитува...