Габонецот Табанге Черубин потпиша за Пелистер

Репрезентативецот на Габон, Табанге Черубин (24), официјално е најновото засилување во редовите на Пелистер. Битолскиот суперлигаш со Табанге  потпиша едногодишен договор.

Габонецот игра на позицијата лев бек, а минатата сезона настапуваше за турскиот клуб МУК од Анкара. Од истиот клуб во Пелистер се пресели и голманот Харис Плех.

Табанге Черубин е десеттото засилување со кое се затвора ростерот на тимот за следната сезона која за пелистерци стартува следниот викенд со дуелот против градскиот ривал Еурофарм Работник.

Се вчитува...