Габриел Батистута гостин во Белград

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Габриел Батистута е во посета на Белград. Тој говореше за српските фудбалери на прес-конференција, а актуелниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го спореди со Диего Армандо Марадона и Јохан Кројф.

Тој на прашањето да може да бира дали би го одбрал Лионел Меси или Диего Армандо Марадона да игра заедно не можеше да даде одговор…

„Невозможно е да се направи таков избор. Можеме само да бидеме горди што имавме и имаме такви играчи и што двајца Аргентинци се меѓу 5-6-те најдобри играчи во историјата“, вели Батистута. 

 

 

Се вчитува...