Арсенал и ПСЖ синоќа ги одмерија силите во големото финале од Лигата на шампионите во Будимпешта, во кое не крајот парижаните по пеналите славеа нов европски трофеј.
ПСЖ славеше на крај благодарение на фудбалерот на „топчиите“, Габриел, кој го промаши пеналот во петтата серија.
Бразилецот беше трагичната фигура на Арсенал па по промашувањето почна неутешно да плаче, добивајќи поддршка од соиграчите и навивачите на Арсенал.
„Болно е, но сум исклучително горд на овој тим и сè што постигнавме оваа сезона“, се огласи самиот Габриел денеска на социјалните мрежи.
„Ви благодарам на неверојатните навивачи за нивните зборови на поддршка на секој чекор. Заслужувате да го прославиме ова патување заедно, да уживаме во денешната парада и да се видиме следната сезона.“
Во коментарите, Габриел доби голема поддршка од навивачите на Арсенал, но и од многу познати имиња од светот на фудбалот.
Винисиус Жуниор беше меѓу првите што проговорија за да го утешат својот соиграч од репрезентацијата.
Габриел ќе се придружи на подготовките на бразилската репрезентација за Светското првенство и ќе се обиде што поскоро да го остави зад себе кошмарот од синоќешното финале во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
