Гачевски: Да победиме за Саздо!

Македонскиот вицепрвак Вардар се подготвува за реванш натпреварот против Пјуник во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Европа, кој е закажан за в четврток, со почеток во 19 часот. „Црвено-црните“ на домашен терен, пред своја публика ќе бркаат негатива од еден гол после првиот натпревар во Ереван. Голманот Филип Гачевски посакува голема поддршка од публиката и истакнува дека тимот ќе се обиде да победи во чест на трагично починатиот навивач, Никола Саздовски.

„Првиот натпревар го загубивме со 1-0, и кај нас има разочарување од тој резултат. Не знам која беше причината за таквата наша игра, и свесни сме дека не ја исполнивме целта, ниту задачите зададени од нашиот стручен штаб. Знаеме дека 1:0 не е лесен резултат, и дека на реваншот во четврток ќе мораме да постигнеме гол. Ќе дадеме се од себе на реваншот да бидеме подобри. Јас верувам во мојата екипа и верувам дека ќе го докажеме нашиот квалитет, и дека заслужуваме да го носиме дресот на Вардар. Подготвени сме да оставиме срце на терен, и дополнителна мотивација ни даваат нашите навивачи. Сакаме голема поддршка од публиката, и заедно да се радуваме на уште успех во Европа. Сакаме да победиме, и таа победа да ја посветиме на нашиот навивач Никола Саздовски“, изјави Гачевски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...