Гаџа: Ние сме Вардар, секогаш одиме на победа

Вардар и Еурофарм Пелистер утре ќе се сретнат во Суперкупот на Македонија. Ракометарот на „црвено-црните“, Анте Гаџа вели дека Вардар секогаш оди на победа без разлика на тоа кој период од сезоната е и кој е противник.

„Пред нас е првиот официјален натпревар и веднаш се игра за трофеј. Ние сме Вардар и секако дека сакаме да победиме. Знаеме дека е уште рано, дека имаме многу нови играчи, а ни недостасува Гурбиндо. Тоа сигурно ќе се почувствува, но ние мора да дадеме сè од себе, да се види ангажманот, трудот, волјата и мислам дека ќе успееме да ги прикриеме тие некои недостатоци на играта и таа невоиграност. Ќе биде тешко, немаше многу време, имаме и нови јазици, се обидуваме да се научиме, а нè има многу. Се надевам дека со тек на времето ќе бидеме сè повоиграни и ќе се подобриме за предизвиците од СЕХА-лигата“, изјави Гаџа.

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 19 часот.

Се вчитува...