Гала вечера за интернационални танцови (фото)

„ОЦ Јане Сандански“ во текот на вчерашниот ден беше домаќин на Гала вечер на Интернационални Танцови Спортски натпревари во рамките на Светската Танцова Спортска Федерација (World DanceSport Federation – WDSF).

Публиката уживаше во прекрасните изведби на Танцови Спортски Двојки, Солисти и Формациски Тимови од Светските ранг листи во Стандардни, Латиноамерикански и Модерни Спортски Танци. На сцената се појавија натпреварувачи од 25 земји.

Претседателот на МОК, Даниел Димевски во друштво на претседателот на ТКС Прима Данца, д-р. Влатко Павлески го отвори овој гламурозен настан кој од година во година израсна во престижна спортска манифестација.

Се вчитува...