Галатасарај се посрамоти на стартот на новата сезона

Новата сезона во турскиот шампионат почна со големо изненадување откако шампионот Галатасарај не успеа да триумфира на домашен терен над новиот прволигаш Корум, меч во кој актуелниот првак едвај стигна до реми од 2-2.

Првото полувреме мина без поголеми возбудувања, но затоа вторите 45 минути беа суперинтересни. Кога Виктор Осимен стрелаше прецизно во 53. минута се чинеше дека Галата ќе стигне до посакуваните бодови, но следеше експресен пресврт на гостите, најпрвин Кизридис постигна еврогол во 59. минута за 1-1, пред Рамирез во 61. минута да ја казни големата грешка на Давинсон Санчез за шокантно водство на гостите на стадионот во Истанбул.

Кизридис од херој се претвори во трагичар откако во 70. минута доби директен црвен картон за брутален старт на средината од тереноте, по што Галатасарај тргна на се или ништо, конечно стигнувајќи до 2-2 со вториот гол на Виктор Осимен постигнат во 90. минута.

Се вчитува...