Галатасарај го отпушти Игор Тудор

Игор Тудор повеќе не е тренер на Галатасарај откако турскиот гигант му врачи отказ на хрватскиот стратег по серијата слаби резултати. Галата одлично ја стартуваше сезоната, но слабите игри во последно време скапо го чинеа поранешниот фудбалер на Јувентус. По поразите на дерби дуелите со Башакшехир и со Бешикташ, Галата викендов загуби и од екипата на Малатија, по што била донесена одлука за прекин на соработката. Интересно, Тудор добива отказ иако неговиот тим моментно се наоѓа на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерот Башакшехир.

Тудор има договор со Галатасарај до јуни 2018 година, па како отштета за предвремениот раскин ќе добие околу 400.000 евра.

Според турските медиуми, главен фаворит за нов тренер на Галата е поранешниот турски селектор Фатих Терим, кој ја одби понудата да стане кормилар на селекцијата на БиХ со образложение дека очекува работен ангажман во татковината.

Се вчитува...