Пеп го избриша Едерсон, Галата испрати официјална понуда

Галатасарај ја испрати првата официјална понуда до Манчестер Сити за голманот Едерсон, објави Фабрицио Романо. Турскиот клуб нуди под десет милиони евра, сумата што ја бара Сити, но кај двете страни постои расположение за нова рунда разговори што би дале целосен договор за овој трансфер.

Веќе е познато дека Џанлуиџи Донарума доаѓа во редовите на „граѓаните“, а договорот околу личните услови не би требало да биде проблем, но Сити сака најпрвин да се ослободи од Бразилецот кој повеќе од половина година е поврзуван со заминување од „Етихад“.

Едерсон претходно ги отфрли шпекулациите за трансфер, за време на Светското клупско првенство во јуни, велејќи дека „99 проценти од вестите се лажни“, но сега наводно ги разгледува можностите. Покрај Галатасарај, за неговите услуги заинтересирани се и клубови од Саудиска Арабија.

Гвардиола притиска за негово заминување, па Бразилецот воопшто не се наоѓа на списокот на фудбалери за денешното гостување против Вулверхемптон во првото коло од новата сезона. Очигледно, Едерсон е многу блиску до излезната врата и во Сити не сакаат да ризикуваат евентуална повреда да го расипе трансферот кој е блиску до реализација.

Се вчитува...