Галатасарај извиси – Леао ја избра Астон Вила

Астон Вила ќе биде новиот клуб на Рафаел Леао откако тренерот Унаи Емери успеал да го убеди офанзивецот да го избере овој клуб пред Галатасарај. Информацијата прв ја објави португалскиот весник „Рекорд“ повикувајќи се на извори блиски до самиот фудбалер, кои тврдат дека за одлуката веќе е известен и Галатасарај, турскиот првак кој повеќе од еден месец се обидуваше да го убеди Леао да се пресели во Истанбул.

Крилниот офанзивец беше на излезна врата од „Сан Сиро“, се чиндеше дека Галата е поблиску до потписот, но ситуацијата се промени по долгиот разговор што Португалецот го имаше со тренерот Емери.

Трофејниот стручњак успеа да го убеди Леао ветувајќи му не само стандардно место во првиот тим, туку и улога на главна ѕвезда во екипата по заминувањата на Роџерс и на Оли Воткинс.

Клубовите веќе имаат најдено заеднички јазик, Астон Вила летово ќе плати осум милиони евра за едногодишна позајмица, со загарантиран откуп следното лето за дополнителни 50 милиони евра.Милан долго време инсистираше на перманентен трансфер и отштета од 50 милиони евра, но фактот дека клаузулата е за задолжителен откуп и дека за една година ќе добијат осум милиони повеќе придонесе „росонерите“ на крајот да ја прифатат понудата од „Вила Парк“ и да дадат зелено светло Леао кариерата да ја продолжи во најсилната лига во светот.

Се вчитува...