Галатасарај ќе го „спасува“ Арда Туран

Турскиот клуб Галатасарај и нуди 4 милиони евра на Барселона за нивниот поранешен фудбалер Арда Туран, за да го добие на едногодишна позајмица. Раководството на Галата сака да го види одличниот играч за врска повторно во своите редови, па дури и соработката со него да биде привремена.

„Тој ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели за следната сезона. Туран ќе се врати во клубот како капитен на тимот и лидер на моите лавови“, истакна претседателот на Галатасарај, Дурсун Озбек.

Турчинот нема доволна минутажа во редовите на Барса, конкуренцијата не му дозволува максимално да ги користи квалитетите, што значи дека очекува преселба пред крајот на летниот трансфер период. Има неколку понуди од Кина, тука е и англискиот премиерлигаш Арсенал, но досега најпримамлива понуда пристигна од Галатасарај.

Туран со Галатасарај го освои турското првенство во сезоната 2007/08, претходно се радуваше на пехарот од домашниот Куп, како и турскиот Суперкуп.

 

Се вчитува...