Галатасарај му нуди плата од осум милиони евра на Заха

Вилфред Заха е слободен да ја бира новата средина откако ова лето му истече договорот со Кристал Палас. За репрезентативецот на Брегот на слоновата коска се заинтересирани неколку клубови од Премиерлигата и Саудиска Арабија, но и Галатасарај кој му нуди годишна плата од осум милиони евра.

Заха сениорската кариера ја започна во Кристал Палас, а таму помина и најголем дел од неа со прекин во 2014 година кога како играч на Манчестер Јунајтед помина полусезона во редовите на Кардиф.

Досега настапи на 458 натпревари за лондонскиот клуб на кои забележа 90 голови и 76 пати асистираше до соиграчите.

Се вчитува...