Екипата на Галатасарај е новиот шампион на Турција. По победата денеска над Анкаругучу со 1:4, на едно коло до крајот тимот стана недостижен на првото место на табелата.
Галатасарај го подигна трофејот по пауза од три сезони, откако последната титула ја освои во 2019 година. После тоа титули освојуваа Башакшехир, Бешикташ и Трабзонспор.
Со ова „жолто-црвените“ од Истанбул останаа на чело на табелата по бројот на титули. Ова за Галата беше 23-ти трофеј во историјата, и сега има четири повеќе од својот ривал Фенербахче кој е со 19. Тимот на Фенер нема титула веќе девет години во Турција.
İyiler sonunda mutlaka kazanır…💛❤️
🇹🇷 Cumhuriyetin 100’ü, Türkiye’nin en büyüğü #ŞampiyonGalatasaray! 🏆 pic.twitter.com/NtIBioJAT0
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) May 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА