Галатасарај тргнува и по Серхио Рамос

Поранешниот легендарен стопер на Реал Мадрид, Серхио Рамос е слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ. 37-годишникот се поврзуваше со премин во Интер Мајами, некој од богатите саудиски клубови како и враќање во Севилја каде ја започна кариерата, а сега во игра се вклучи и турски клуб.

Станува збор за Галатасарај кој прави мега тим од европски ѕвезди. По потписите на Заха, Анхелињо и Икарди клубот од Истанбул е подготвен да му даде богат договор на искусниот стопер за едногодишна соработка.

Но, како што пренесуваат шпанските медиуми желбата на Рамос е преселба во Соединетите американски држави со што за прв пат во својата кариера ќе забележи настап за клуб надвор од Европа.

Се вчитува...