Галатасарај сериозно работи на ангажманот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, а турскиот шампион го засилува притисокот за реализација на трансферот.
Португалскиот репрезентативец наводно сака да го напушти „Сан Сиро“ ова лето, сметајќи дека е време за нов предизвик во кариерата. Иако има договор со Милан до јуни 2028 година, италијанскиот клуб не ја исклучува можноста за негова продажба.
„Росонерите“ бараат 50 милиони евра фиксна отштета, плус дополнителни 10 милиони евра преку бонуси, при што инсистираат трансферот да биде траен, а не позајмица.
Покрај Галатасарај, интерес за Леао покажале и Фенербахче и Бешикташ, но актуелниот турски шампион во моментов важи за најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Дополнителен адут на Галатасарај е можноста Леао да настапува во Лигата на шампионите, како и фактот што во тимот е неговиот добар пријател Виктор Осимен. Се верува дека нигерискиот напаѓач активно го убедува Португалецот да се пресели во Истанбул и да прифати нов предизвик во турскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
