Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.
Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, неизбежно се отвори и темата за минатогодишниот извонреден меч на Иван Галевски на голот на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп против АЕК во Атина.
Популарниот Галец покажа и квалитет и храброст и спортска дрскост на секој можен начин среде Атина, тогаш по феноменалните одбрани, насочувајќи ја радоста, можеби неочекувано за многумина, кон крајно жестоките ултраси на АЕК
„Тие провокации кои доаѓаа цело време од трибините се за мене мотив плус. Никако демотивација, туку напротив. И тоа беше за мене најубавиот натпревар во мојата кариера до сега, поради тоа што игравме пред рекордни девет илјади гледачи, рекорд во грчкиот ракомет. Таа арена е мислам за кошаркарски натпревари, на неколку спрата, уживање да се игра“ – се потсетува Галевски во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:
„Да, вртењето беше после инцидентот кога некој од трибината фрли со шише вода и го погоди Дамјан, братот на Марко, и баш тогаш беше досуден пенал. Имаше прекин некоја минута и пол – две. Ми текнува дека ми шутираше Кеита, левото крило што сега потпиша за Охрид. Го одбранив тој пенал и топката се одби позади мене, односно каде што беа навивачите – ултрасите на АЕК. И, тука е можеби и адреналин, мотивација, испровоцирано од таа случка со Дамјан, се свртев и се израдував кон нив“.
А, ПОТОА СЕ Е ИСТОРИЈА….
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
