Алкалоид е веќе кон четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп, откако убедливо со 32-44 славеше на гостувањето против италијанскиот претставник Бриксен во првиот осминанафинален меч.
Младиот голман на македонскиот тим, Иван Галевски имаше одлична партија само уште еднаш издвојувајќи неговиот потенцијал како значајна фигура во тимот на Алкалоид.
„Сосема заслужено победивме со Бриксен, затоа што на секој противник му пристапуваме максимално сериозно. Го реализиравме планот на стручниот штаб и дојдовме до висока победа која не води чекор блиску до четвртфиналето. Но, не се залажуваме. Максимално ќе влеземе сериозно и на следниот меч во Скопје, затоа што ни следи малку понапорна недела во која ни следат домашни мечеви, прво со Борец, а потоа и со Пелистер“ – вели Галевски и дополнува:
„Не смее да го потцениме Бриксен и на реваншт. Имаат одлични шутери, одлични крила кои цело време влечат брз центар, но мислам дека нашата физичка спремност победи во овој момент со подобра ротација, за заслужена победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА