Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29.
Дефинитивно најдобар поединец во нашиот табор беше Иван Галевски кој ги откажа противничките ракометари. Фати четири пенали во низа, а на крајот заврши со пет од шест одбранети пенали, а сето тоа го прослави на најдобар можен начин пред грчката публика.
По мечот популарниот Галец изјави дека немал намера никого да испровоцира, туку дека тоа го направил од среќа.
„Мислам дека пресуди нашата психичка подготвеност. Добро се подготвивме и физички, влеговме со ладни глави и тоа донесе до ваков исход. Чувството да се одбранат толку пенали е непроценливо. Ова е уживање. Со 20 години играм европско финале што за мене е чест и задоволство. Имаме тимска хемија, амбиција, желба и дојдовме до ова. Но, ништо не е готово, имаме уште 60 минути за игра во Скопје. Се подготвувам за секој меч, овој не беше исклучок. Анализата кај еден голман е многу важна. Вртењето кон навивачите не беше со лоша намера. Ги поканувам сите да дојдат во сала во недела и да прославиме заедно“, изјави Галевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА