Галинари го пропушта стартот на подготовките за Мундобаскетот

Првата ѕвезда на италијанската кошаркарска репрезентација, Данило Галинари го оперираше слепото црево.

Состојбата на крилото, докторите ќе ја следат од ден во ден, по што ќе одлучат кога ќе може да се врати на подготовките за Мундобаскетот кој на програмата е од 31. август до 15. септември. Галинари минатата сезона играше за ЛА Клиперс во кој просечно бележеше 19,8 поени и 6,1 скок. Следната сезона ќе ги брани боите на Оклахома Сити Тандер.

Италија на Светското првенство се наоѓа во група со Србија, Филипини и Ангола.

 

Се вчитува...