Италијанскиот кошаркар Данило Галинари кој настапува за Оклахома Сити Тандер предупреди дека САД не треба да ги направат истите грешки како Италија во борбата со коронавирусот.
„Беше грешка што го направивме тоа ние како граѓани на Италија, а тука се вбројувам и самиот. Италијанец сум иако живеам во САД. Не го сфативме вирусот сериозно и сега сме втора земја која што најмногу загуби. Се надевам дека истите грешки нема да ги направи и САД“, изјави Галинари.
Галинари порача дека сака да се врати на терените, но дека безбедноста и здравјето во моментот се на прво место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА