GAME OVER во Серија А: Јувентус го освои и Неапол

Италијанскиот првак Јувентус го совлада Наполи на „Сан Паоло“ со 1-2 и ги разреши речиси сите дилеми околу шампионската титула. Тимот на Масимилијано Алегри сега има огромни 16 бода предност во однос на „наполитанците“ и иако се уште постојат теоретски шанси за ривалите, сепак, јасно е дека „старата дама“ е на добар пат да ја одбрани шампионската круна.

Наполи во 26.минута остана со играч помалку, откако голманот Род Мерет го фаулираше Кристијано Роналдо надвор од шеснаесетникот и беше исклучен. Миралем Пјаниќ од слободен удар го совлада Давид Оспина, која ја извади топката од мрежата без да има ниту еден допир со неа.

Емре Џан пред крајот на првиот дел со удар со глава зголеми на 0-2. Но, силите на теренот се израмнија на стартот на второто полувреме, кога беше исклучен стрелец на првиот гол, Миралем Пјаниќ.

Хозе Калјехон во 61.минута даде надеж за „наполитанците“, а Лоренцо Инсиње е трагичар на дербито откако не успеа да реализира пенал во 84.минута од мечот. Тој го погоди дирекот од противничкиот гол, откако Алекс Сандро играше со рака во шеснаесетникот, а беше прегледана и ВАР-снимката пред да биде досуден пенал за домаќинот. Сепак, Јувентус ги освои трите бода и граби напред кон нова шампионска титула.

Се вчитува...