Гамеиро донесе триумф за Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по три ремија во низа, две во Ла Лига и едно во ЛШ, им се вратија на победите. Тимот на Диего Симеоне славеше на гости против Селта со 0-1.

Францускиот интернационалец Кевин Гамеиро во 28.минута најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по корнерот од десната страна и ја затресе мрежата на Селта.

Атлетико Мадрид со оваа победа се искачи на третата позиција на табелата со 19 бода, шест помалку од лидерот Барселона.

Се вчитува...