Е. Пелистер го очекува еден од најголемите предизвици во сезоната. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува шпанскиот гигант Барселона во натпревар кој ќе биде одигран пред полни трибини.
Тренерот на битолскиот состав Рубен Гарабаја вели дека неговиот тим мора да има потполен фокус доколку сака да издвои триумф.
„Мислам дека Барселона е можеби еден од трите најдобри тимови во светот и секој меч против нив е празник затоа што имаат ѕвезди и добри играчи. Мора да бидеме фокусирани на се во овој меч. Имам играно за Барселона и таму сите се фокусирани на својот перформанс и имаат огромна поддршка од секого.
На секој меч со Барселона мора да си внимателен, бара многу борба и влог на енергија, ако го загубиш фокусот, го губиш и мечот. Барселона знае да постигне повеќе голови по ред преку брзи контри и транзиција. Мора да го држиме мечот во ритам со противникот и да не дозволуваме брзи контри. Знаеме дека Барселона има одлична одбрана, а ќе мора да најдеме начин и за најдобриот голман во светот кој го имаат“, изјави Гарабаја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

