Гарабаја: Секој ден сме се подобри, одигравме одлично против најдобриот тим во светот

Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер забележаа нов пораз сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва во 5. коло на домашен терен беа поразени од моќната Барселона со 30-34.

Тренерот на пелистерци, Рубен Гарабаја по мечот ги сумираше впечатоците…

„Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги сопреме во одредени ситуации. Вториот дел беше многу подобар, видов борба. Имавме мала шанса на крајот на мечот, но не можевме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и сме подобри, мора да го ставиме фокусот дури и на најмалиот детал во играта. Мора да го држиме фокусот, да бидеме паметни во најситните моменти. Знам дека некогаш не е лесно да се прави тоа, но мора да работиме на таквите работи за да дојдеме до нови победи“, изјави Гарабаја. 

Се вчитува...