Ако кон некого не може да се има замерка во синоќешниот пораз на македонската репрезентација од Швајцарија на стартот од новата сезона во Лигата на нациите, тоа сигурно е дебитантот во националните сениорски редови Матеј Гаштаров.
Младиот фудбалер на Црвена Звезда, се чини, единствен парираше на расположените Швајцарци на средината од теренот, но тоа, како што самиот вели, не му носи задоволство по поразот на тимот.
„Кога нема да победиш, не си задоволен секако, но ништо, одиме понатаму, главата горе, мора да дадеме се од себе на наредните натпревари, за да го поправиме впечатокот“ – ни изјави Гаштаров по синоќешниот дуел.
Селекторот Седлоски на прес-конференцијата истакна дека е задоволен од тоа што ти си го пружил и треба да бидеш пример како треба да се носи националниот дрес.
„Па, јас кога го носам овој дрес на секој натпревар очекувам од самиот себе да дадам се од себе, да оставам срце на терен, без разлика што, на секој дуел баш да одам 100%. Тоа е тоа. Така и сега против Словенија по овој пораз. Одиме понатаму, како што кажав, нема што. Швајцарија е фудбалски моќна и ете имаме уште три натпревари во десет дена, на кои мора да дадеме максимум. Атмосферата мислам дека ќе остане како и што беше досега, одлична, и се надеваме на победи на следните дуели“ – рече Гаштаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
