Новиот македонски репрезентативец, 19-годишниот Матеј Гаштаров, е еден од најзаслужните за триумфот на Црвена звезда во 180-то „Вечно дерби“ против Партизан со 2:1.
Гаштаров при резултат 1:1, во 25-та минута беше фаулиран во шеснаесетникот на Партизан, по што судијата по прегледување на ВАР-снимката, досуди пенал за „црвено-белите“ кој успешно го реализираше Мирко Иваниќ за конечни 2:1.
Македонецот ги одигра сите 90 минути во дербито и според српските медиуми, заедно со стрелците Иваниќ и Диенг, остави најдобар впечаток.
„Нема ништо подобро од тоа да се победи во дербито. Одигравме, храбро, мотивирано. Навистина сум среќен. Моето прво деби во сениорска конкуренција, играв такви многу во младите категории, но тоа не може да се спореди со ова. Им благодарам на навивачите кои дојдоа и не бодреа. Дадовме се од себе и на крајот победивме. На секој натпревар треба да се дава 100 отсто и тоа е тоа, треба да се заслужи настапот во првиот тим“, изјави Гаштаров по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
