Матеј Гаштаров продолжува да го привлекува вниманието во Црвена Звезда и полека, но сигурно се наметнува како важен дел од првиот тим на српскиот шампион.
19-годишниот македонски репрезентативец повторно е во составот на Црвена Звезда за денешниот натпревар против Земун во победата од 0:2, што е уште еден показател дека стручниот штаб сериозно смета на него во новата сезона.
Гаштаров летово се врати во Белград по позајмицата во Борац Чачак, каде што собра драгоцено сениорско искуство. По одличните подготовки со првиот тим, тој успеа да се наметне кај тренерскиот штаб и да добие место во конкуренција за настапи.
Македонецот веќе има и првенец за сениорскиот состав на Црвена звезда, откако летово постигна гол во убедливата победа од 5:0 над Јединство Ужице на пријателски натпревар.
За Гаштаров ова е голем чекор напред во кариерата. Од играч кој минатата сезона замина на позајмица за да стекне минутажа, сега постепено станува фудбалер на кој Црвена звезда му дава сè поголема доверба.
Младиот играч, кој првенствено настапува како дефанзивен играч за врска, во Црвена звезда е препознатлив по големиот радиус на движење, прецизниот пас, добриот преглед на играта и силниот удар од далечина.
Дополнителен показател за довербата е и фактот што Гаштаров неодамна го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
